Monday, January 28, 2013

ЗИМА АЛАТНА
После есен златна,доаѓа зима алатна.Таа е алатна,бидејќи од снегот крововите пукаат и мајсторите со алатите ги поправаат крововите.Кога доаѓа зимата,обично санкањето воопшто не ме интересира,во старите денови кога бев многу мал многу го сакав,санкањето но тоа повеќе не ме интересира.Еден ден,јас си пишував домашно,брат ми се врати од школо,ја остави чантата се пресоблече и излезе надвор да се санка со другарите од маалото.Кога завршив со учење,незнаев што да правам.Па го отворив прозорецот и од него ја гледав безгрижната игра на децата.Во тој момент Мартин погрешно се санкаше,и сите тврдеа така,но тој одрекуваше,и тој се налути и си појде дома,тогаш сите деца го прашаа
-Зар ќе го навредиш снежниот Мразулко?
Ова прашање малку го замисли Мартин,а и мене!Па Мартин ја прифати својата грешка,и остана во игра!Потоа јас се појавив ненадејно,седнав на санката и се лизнав,сите се зачудија зошто се вклучив во игра,а јас реков едноставно
-Мразулко никогаш нема да биде разочаран!
Оливер Иванов,6 а одд
Кратово

No comments:

Post a Comment