Saturday, February 2, 2013

Зимска Случка

          Како секое годишно време, така и зимата јас многу ја сакам.
          Во зима се е облечено во бело. Студот иако стега ние децата сепак знаеме да се облечиме за да не ни студи.  Се договоривме другатчињата и да одиме на санкање. Сега ќе ви раскажам една случка.
Еден ден имаше многу снег на улуцата над нашата куќа. Се собравме неколку другарчиња од маалото. Деднавме на санките наредени една зад друга како воз. Така се спуштивме неколку пати. Лзгањето беше забавно, но кога се спуштивме последниот пат Стефан со неговата санка удти во еден стерец кој си излегуваше ос неговата порта. Старецот падна со рацете на земја и почна да не кара. Застанавме сите и го прашавме старецот дали нешто го боли.  Тој рече:
       - Деца знам дека не сте виновни, знам дека му се радувате на снегот, но мојата рака отиде.
             Играта беше забавна, но многу ми беше жал застарецотшто Стефан му ја повреди раката.

                                  Никола Стаменковски VI a одделение,                                       
                                                                             Кратово.
                    
                                                 



Wednesday, January 30, 2013

Драма: Другарство

(Ивона, Јована, Ана и Сара седат во училишниот двор и се договараат што попрвин да играат тенис или кошарка. Во меѓувреме дојдоа четири другари Никола, Андреј, Љубомир и Иван им предложија да играт кошарка. Девојчињата се согласија и започна играта.)
Јована: Ајде деца ќе играме мажки против женски!
Сара: Да се согласувам.
Никола: Ќе ве победиме (гледа во девојчињата и се смее)
Ивона: Не се знае, ќе видеме. Ајде - ( и така почна играта.)
( По еден час убава игра девојчињата победија)
Љубомир: Ви честитам заслужено победивте.
Андреј:Да!Ајде сега да одиме да јадеме.(Покажува во сендвичарата која се наоѓа во близина.)
Ана:Добро,ајде да одиме.(Таму седнаа и порачаа за јадење)
Иван:Многу е вкусен,убаво се најадов.
Љубомир:Еве и јас сум при крај.
Ивона:Eee!Другари,сакате ли втора партија?Може ли утре да играме?
Јована:Хахаха...пак ќе ве победиме.
Никола:Добро де..ајде утре се гледаме.
(И така другарите си заминаа дома.)


                                         Ангела Јовановска VI а одделение,
                                                                           Кратово.
  

Tuesday, January 29, 2013

Драма: Фудбалски Натпревар

(На игралиштето во моето маало доваѓаат многу деца за да играме фудбал.
Еден ден се собравме и се поделивме со два тима. Пред да почнеме со играта почнавме да се договаравме. Од нашиот тим беше Матеј, а од другиот тим беше Симон.)
Мареј: Нашиот тим сака да играме со топката на Андреј.
Симон: Не може. Ние имаме поубава топка од вашата.
Матеј: Да не се караме дали може ли да фрламе ждрепка, па која топка се падне со таа ќе играме.
Симон: Добро нека биде како што ќе речеш ти.
(Се падна топката на Андреј. Натпреватот почна. Игравме со задоволство се до крајот на натпреварот. Резултатот беше 4:0 на нашиот тим.)
Симон: Победивте, затоа што игравме со вашата топка. Ако игравме со нашата ние ќе победевме.
Матеј: Не е точно. Нашиот тим е подобар од вашиот затоа ве победивме.
(Се вмешаа и други деца во каранизата. Иако се расправавме но сепак сите бевме задоволни од играта.)


                                               Никола Стаменковски VIa,      
                                                                       Кратово
                                                              

ДРАМА: ЛЕТО

(Во едно мало гратче беше многу топло и едно детенце му се јавува на најдобриот пријател.)
Љубомир: Е Филип сакаш да одиме на река да се капиме, затоа што е многу топло.
Филип: Пеки, Бубе може, ти викни го Лорен а јас ќе го викнам Тино и така ќе одиме заедно.
Љубомир: Да земеме нешто за јадење, ќе бидеме многу гладни од пливањето.
Филип: Може ајде во колку часот ќе појдеме?
Љубомир: Околу 13:00 часот, затоа што тогаш е најтопло.
Филип: ОК! Ајде да се спремам и ќе појдеме да се капеме во Женскиот Вир, а може и во Караџи.
Љубомир: Не, не! Таму е длабоко, скоро два метри.
Лорен: Еее, ајде да се капеме, многу е топла водата!
Љубомир, Филип и Тино: Да, ајде!
Тино: Уу, многу е топла водата, само што има малку жаби, али нема везе.
Филип: Даска!
Љубомир: Ле, ле каква е водата многу е убава само што малку е нечиста.
Лорен: Еее, и јас носам ночари за во вода!
Филип и Тино: И ние носеме!
Љубомир: Ајде да нуркаме.
Лорен: Може!
Тино: Може!
Филип: Може!
(Денот што завраши беше незаборавен !)

                                                 Љубомир Миневски VI а,
                                                                      Кратово.

ДРАМА:РОДЕНДЕН

(Се ближеше роденденот на мојата најдобра другарка Ангела.Затоа неколку другарчиња се собравме на големиот одмор и се договаравме што да и купиме.)
Оливер: Другари,знаеме ли кои деца се поканети на роденденот?
Љубомир: Знаеме, веќе го направив списокот.
Никола:  Ќе и купеме ли заеднички подарок? За тоа треба сите да дадеме пари.
Ана: Секако дека (подарокот) ќе биде од сите.
Андреј: Што ќе и купиме?
Јована: Јас мислам дека најмногу сака патики. Па затоа предлагам првин да ја прашаме кој број на чевли носи.
Оливер: Добро, а ако не најдеме таков број што да и купиме?
Ана: Тогаш ќе и купиме облека.
Љубомир: Во колку часот да се најдеме во центарот на градот?
Јована: Мислам дека половина час пред роденденот е доволно за да купиме подарок.
Никола: Славењето на роденденот започнува во 15:30. Ние треба да се сретнеме во 15:00 часот на плоштадот.
Андреј: Договорено. Јована кажи на сите поканети да не доцнат.
Оливер: Сега да влеземе во училницата бидејќи ѕвонеше за час.
                           
                                                                   Јована Чочевска VI a одделение,
                                                                        Кратово.

Monday, January 28, 2013

ЗИМА АЛАТНА
После есен златна,доаѓа зима алатна.Таа е алатна,бидејќи од снегот крововите пукаат и мајсторите со алатите ги поправаат крововите.Кога доаѓа зимата,обично санкањето воопшто не ме интересира,во старите денови кога бев многу мал многу го сакав,санкањето но тоа повеќе не ме интересира.Еден ден,јас си пишував домашно,брат ми се врати од школо,ја остави чантата се пресоблече и излезе надвор да се санка со другарите од маалото.Кога завршив со учење,незнаев што да правам.Па го отворив прозорецот и од него ја гледав безгрижната игра на децата.Во тој момент Мартин погрешно се санкаше,и сите тврдеа така,но тој одрекуваше,и тој се налути и си појде дома,тогаш сите деца го прашаа
-Зар ќе го навредиш снежниот Мразулко?
Ова прашање малку го замисли Мартин,а и мене!Па Мартин ја прифати својата грешка,и остана во игра!Потоа јас се појавив ненадејно,седнав на санката и се лизнав,сите се зачудија зошто се вклучив во игра,а јас реков едноставно
-Мразулко никогаш нема да биде разочаран!
Оливер Иванов,6 а одд
Кратово
ГОЛЕМИОТ ФАЛБАЏИЈА
Беше зима. Едно утро кога се разбудив, погледнав низ прозорецот и видов дека се е бело. Зимската кралица ѓи бесе донела белите покривки и со нив ја покрила целата природа. Јас бев многу воодусевена. Сестра ми кога го виде снегот многу се израдува, бидејки таа долго го чекаше. Мајка ми веќе го беше подготвила појадокот.Јас и сестра ми набрзина појадувавме и излеговме надвор да се лизгаме.Се лизгавме од утро до пладне,а потоа влеговме да се стоплиме.По некое време дојдоа и другите другарчиња.Повторно излеговме надвор и се лизгавме до вечер.Едно од децата велеше дека знае да скија на скии,а другите не.Уште се фалел дека ако се натпреваруваме ќе не поведи бидејќи бил најбрз.Ние се согласивме да се натпреваруваме.Се наредивме на стартот и чекавме кога ќе ни даде знак за почеток на трката.Детето кое се фалеше не го дочека сигналот и тргна прв.Се залета по патеката верувајќи дека ќе победи,но одеднаш изгуби контрола и многу лошо падна.Сите се стрчавме да му помогнеме.Кога видовме дека e добро и дека не е многу повреден го запрашавме зошто се фалеше дека знае да скија.Тогаш тој ја наведна главата и кажа дека сакал само да се направи важен,односно да биде главен кај децата.Ние го посоветувавме да биде свој,скромен.Само така ќе биде прифатен од сите деца и тогаш сите ќе сакаат да бидат во негово друштво.
Јована Чочевска,6А одд,
Кратово