Monday, January 28, 2013

ГОЛЕМИОТ ФАЛБАЏИЈА
Беше зима. Едно утро кога се разбудив, погледнав низ прозорецот и видов дека се е бело. Зимската кралица ѓи бесе донела белите покривки и со нив ја покрила целата природа. Јас бев многу воодусевена. Сестра ми кога го виде снегот многу се израдува, бидејки таа долго го чекаше. Мајка ми веќе го беше подготвила појадокот.Јас и сестра ми набрзина појадувавме и излеговме надвор да се лизгаме.Се лизгавме од утро до пладне,а потоа влеговме да се стоплиме.По некое време дојдоа и другите другарчиња.Повторно излеговме надвор и се лизгавме до вечер.Едно од децата велеше дека знае да скија на скии,а другите не.Уште се фалел дека ако се натпреваруваме ќе не поведи бидејќи бил најбрз.Ние се согласивме да се натпреваруваме.Се наредивме на стартот и чекавме кога ќе ни даде знак за почеток на трката.Детето кое се фалеше не го дочека сигналот и тргна прв.Се залета по патеката верувајќи дека ќе победи,но одеднаш изгуби контрола и многу лошо падна.Сите се стрчавме да му помогнеме.Кога видовме дека e добро и дека не е многу повреден го запрашавме зошто се фалеше дека знае да скија.Тогаш тој ја наведна главата и кажа дека сакал само да се направи важен,односно да биде главен кај децата.Ние го посоветувавме да биде свој,скромен.Само така ќе биде прифатен од сите деца и тогаш сите ќе сакаат да бидат во негово друштво.
Јована Чочевска,6А одд,
Кратово

No comments:

Post a Comment